Левиот бек Момир Рниќ го засили Металург

05.05.2020 00:04
14-01-2011:World Championship Malmø Serbia - vs. Australia - Momir Rnic, Serbien / Serbia - Bevan Calvert, Australien / Australia. © Lars Rønbøg / Frontzonesport (Photo by Lars Ronbog/FrontzoneSport via Getty Images)

Металург денеска го донесе првото звучно засилување – нов ракометар на нашиот клуб е левиот бек Момир Рниќ.

Рниќ (32) во својата кариера настапувал за екипите на Пролетер, Горење, Целје, Гепинген, Мелсунген и Рајн Некар Ловен, а денеска потпиша едногодишен договор со Металург.

Во дресот на Гепинген и Мелсунген, Рниќ две години едноподруго беше меѓу десетте најдобри стрелци во Бундеслигата, а со репрезентацијата на Србија има сребрен медал од ЕП 2012.

Рниќ во 2018 година се врати во Србија и настапуваше за Пролетер во кој неговиот татко, истоименик, Момир Рниќ, има висoка функција во управата на клубот.

Момир Рниќ е дел од амбициозниот план на раководството на Металург, според кој ростерот ќе биде засилен со уште неколку нови и квалитетни ракометари.

Прочитано 607 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 6 =