Лино Червар: Без разлика на се ние сега сме сконцентрирани на својот следен противник

17.09.2016 23:37
_DSC0001_resize

Во рамките на четвртото коло на СЕХА-лигата Металург в недела ќе се соочи со повеќекратниот шампион на Словачка, екипата на Татран Прешов. Ова ќе биде четврти натпревар што Металург ќе го игра на домашен терен, а прв од серијата натпревари со Татран Прешов, со кого ќе имаме дуели и во групната фаза на Лигата на шампионите.

На денешната прес-конференција своите размислувања ги искажаа Лино Червар и Жарко Пешевски.

По средбата со Мешков добив многу повици за тоа дека нема да добиеме ниту еден натпревар, ако продолжи ваквото судење. Тоа е проблем кој ми смета и мене и на моите ракометари. Но, јас верувам дека колку потешко ќе им биде на моите играчи, толку подобри ракометари ќе станат, бидејќи играчите побрзо созреваат и го засилуваат карактерот кога е тешко, а не кога е лесно, па затоа е многу важно играчите тоа да го сфатат и да го занемарат лошото судење. Прилики за победа ќе има, тоа не можат да ни го земат. Ние сега мораме да се концентрираме на тоа што е важно и да ги поправиме сите грешки и, секако, одбраната. Ни треба поддршката од сите за да продолжат играчите да се борат.

Татран, како и ние, е во Лигата на шампионите. Во своите редови има многу добри играчи како Рабек, Орбан и Пешков. Тоа е една екипа која има силни надворешни играчи и затоа е најдобра екипа во Словачка. Ниту еден натпревар не е лесен, па ќе мораме да ги намалиме техничките грешки, ако сакаме успех. Имаме повредени ракометари, не тренираат Младеновиќ, Драгаш и Велковски, но тоа е што е, одиме понатаму и ќе ги искористиме сите средства за победа во СЕХА. Против Мешков покажавме одредени слабости кои очекувам да ги поправиме. Ќе мораме да ги затвориме брзите центри на Татран и да им ја затвориме надворешната линија. Дуелот со словачкиот тим ќе биде голем испит за нас пред средбата со Елверум во Лигата на шампионите“, изјави Лино Червар.

Металург нема да се предаде вели Жарко Пешевски.

Сите знаеме како одигравме на претходните.три тешки натпревари. Ние не се предадовме во ниеден момент и не игравме под нашите можности. Максимално сме мотивирани за новиот противник и се надевам дека ќе се надминеме себеси. Со повеќе поддршка и повеќе среќа верувам дека ќе се радуваме“, вели Пешевски.

Средбата со Татран Прешов се игра в недела со почеток во 20.30 часот.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 1