ЛИНО ЧЕРВАР: ГО ОДБРАВМЕ ХРАБРИОТ ПАТ

14.09.2014 14:07

za tekst

По натпреварот се одржа редовната прес-конференција.

1_resizeНедељко Вучковиќ: “Македонци, бидете горди на тоа што го работи Лино Червар. Металург работи паметно и мислам дека, со овие млади ракометари, резултатите ќе дојдат за две, три години. Ние овде дојдовме да учиме, некогаш Македонците учеа од нас, сега ние учиме од вас. Овде сме примени одлично и се надевам дека ќе ножеме да ви возвратиме со иста мерка. За нас сето ова е некоја друга димензија“.

2_resizeДушан Петровиќ: “Имавме голем број на технички грешки и примивме многу лесни голови. Бодови ќе мораме да бараме против екипи со нашиот квалитет и нашиот ранг. И благодарам на екипата на Металург за фер и коректната борба, како и за фантастичното гостоприемство“.

.

3_resizeЛино Червар: “Им честитам на гостите за фината и коректна игра и атмосфера. Што се однесува на нашата игра, морам да ги повалам моите играчи, сакаа да играат и уживаа во тоа. Мило ми е што публиката уште еднаш покажа дека го прифаќа нашиот проект на подмладување на екипата, а младите денес се однесуваа како искусни ракометари, иако имаат уште многу да учат. Го одбравме патот и одиме храбро кон целта. Нема секогаш да победуваме, ќе има и порази, но ако разбираме што сакаме, тогаш ќе дојде време кога Металург ќе ја промовира својата игра во Европа, а ќе ја промовира и својата земја“.

4_resizeДејан Манасков: “Денеска го надигравме нашиот противник. Нашата одбрана 5-1 функционираше беспрекорно, а во нападот успеавме да ги казниме сите нивни грешки. На крајот, сметам дека заслужено победивме. Следниот викенд не очекува дуелот со екипата на Веспрем, и овој натпревар е вистински тест пред почетокот на натпреварите од Лигата на шампионите“.

Фото: Спорт 365

cervar01_resize

cervar02_resize

radnicki01_resize

radnicki02_resize

Прочитано 2.541 пати

(1) Коментар

  1. brao brao super

Напишете коментар


+ 9 = 18