Лино Червар го повика Јагањац за бараж-дуелите со Црна Гора

28.05.2018 15:43
lino-cervar-izbornik-rh-2

Хрватскиот селектор Лино Червар објави список со имињата на 20 ракометари на кои смета за бараж дуелите со Црна Гора, за пласман на СП 2019  во Германија и во Данска.

На овој список очекувано се најде и ракометарот на Металург Халил Јагањац.

.

Списокот на Лино Червар:

Голмани: Иван Стевановиќ(Кадетен Шафхаузен), Марин Шего(Пик Сегед) и Мате Шуњиќ(ЦСМ Букурешт).

Крила: Мануел Штрлек (Келце), Ловро Михиќ ( Висла Плоцк), Златко Хорват (ППД Загреб) и Јосип Божиќ Павлетиќ (ППД Загреб).

Пикери: Марино Мариќ (Мелсунген), Крешимир Козина (Гепинген) и Леон Шушња (ППД Загреб).

Бекови: Марко Мамиќ (Келце), Дамир Бичаниќ (ППД Загреб), Халил Јагањац (Металург), Домагој Дуњак (Кил), Лука Циндриќ (Вардар), Домагој Павловиќ (ППД Загреб),  Игор Карачиќ (Вардар), Лука Степанчиќ ( ПСЖ), Јаков Вранковиќ (Татабања) и Ален Блажевиќ (Пик Сегед).

Првата средба  се игра на 9 јуни во Осијек (сала “Градски врт”), додека реваншот е на програмата на 14 јуни во Подгорица (сала ”Морача”).

Прочитано 60 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 5