Лино Червар: Гостувањето во Загреб за мене е возбудливо искуство

10.10.2016 19:47
_DSC039110102016_resize

Во Загреб денеска се одржа прес-конференција на која учествуваше и нашиот тренер Лино Червар.

Гостувањето во Загреб за мене е возбудливо искуство. Знам дека нашиот противник е во криза, по поразот од Кристијанштад во Лигата на шампионите, и сигурен сум дека ќе сака пред својата публика да најде начин да ја подигне својата форма, а тоа дополнително ќе ни ја отежни работата. Нашата цел е да одиграме добра сезона и на секој натпревар, па и на утрешниот со Загреб, да играме максимално ангажирано и да покажеме што знаеме. Дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат на  утрешната средба ќе покаже времето“, рече Лино Червар.

Нашиот ракометар Марко Нелоски фаворитската улога му ја препушти на домаќинот на утрешниот натпревар.

Го почитуваме Загреб и секогаш е задоволство да се игра против него. Јас немам пријатно искуство од  претходните средби со Загреб, па со нетрпение го очекувам утрешниот натпревар. Домаќинот е фаворит, но на нас е да направиме се возможно и да го изненадиме нашиот противник“, изјави Нелоски.

Прочитано 4.148 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2