ЛИНО ЧЕРВАР ЌЕ ЈА ПРЕДВОДИ СЕЛЕКЦИЈАТА НА СВЕТОТ

08.05.2012 00:54
Lino-Brand1

Стигна уште едно големо признание за тренерот на Металург, Лино Червар.

На 3 јуни, во прекрасната САП Арена во Манхајм пред 14.000 гледачи, под мотото “Една легенда вели збогум“, ќе се одржи најголемиот ракометен спектакл во историјата на германскиот ракомет. За големите заслуги за спортот во Германија, на бившиот селектор на германската ракометна репрезентација, Хајнер Бранд, ќе му биде приреден проштален натпревар во кој ќе настапат селекциите на Германија и Светот. Лична желба на Хајнер Бранд беше селекцијата на светот да ја предводи токму Лино Червар.

Стратегот на Металург со задоволство ја прифати поканата.

“Со особено задоволство ја прифаќам Вашата покана да ја предводам светската селекција на ракометни ѕвезди, на ракометниот спектакл по повод заминувањето на мене драгиот и ценет колега, големиот и успешен тренер г-дин Хајнер Бранд“- стои во одговорот на Лино Червар до организаторите.

Хајнер Бранд кој, во период од 1997 до 2011 година, точно 5293 дена беше селектор на германската национална селекција ќе состави тим во кој, сем сегашните репрезентативци на Германија, ќе се појават и поранешни германски легенди: Маркус Баур, Даниел Стефан, Штефан Кречмар, Хенинг Фриц и други.

Лино Червар во својата селекција ќе ги има Ивано Балиќ, Никола Карабатиќ, Иван Нинчевиќ, Икер Ромеро, Бјарте Мирхол, Мајкл Кнудсен, Мaтијас Андерсон и други. Постои можност во составот да бидат и поранешни мега ѕвезди како Кјунг-Шин Јон, Талант Душебаев, Магнус Висландер и други.

Предвидениот спектакл ќе трае три часа а гледачите ќе ги забавува познатата музичка група “Die Hohner“.

Прочитано 1.836 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 − = 0