ЛИНО ЧЕРВАР: МЕТАЛУРГ Е ЕДИНСТВЕН КЛУБ, КОЈ ТРИ ГОДИНИ ПО РЕД ПРЕКУ КВАЛИФИКАЦИИ СЕ ПЛАСИРА ВО ФАЗАТА ТОП-16 ОД ЛШ

28.11.2013 15:32

rk-metlurg-logo_final_resize

Металург денеска одржа прес-конференција по повод претстојниот натпревар од седмото коло во Лигата на шампионите, меѓу екипите на Металург и на Вакер Тун. На располагање на новинарите беа тренерот Лино Червар и ракометарот Ванчо Димовски.

DSC_2349_resize_resizeЛино Червар: “Максимално сме фокусирании не смееме да се опуштиме, бидејки за Металург ова е многу значаен натпревар. Вакер Тун можеби е последен во групата, но нема да го потцениме. Доколку триумфираме, ќе направиме голем успех и веќе во декември ќе го обезбедиме учеството во наредната фаза. Јас не паметам друг клуб што три сезони по ред се пласирал во Топ-16 од Лигата на шампионите, а во секој од тие циклуси почнувал од квалификации. А тоа, ќе се сложите, не е мала работа. Што се однесува до Тун, тоа е екипа со голем ентузијазам и мотивација. Ги загубија сите натпревари, но на сите играа машки. Во Берн не се наигравме многу, иако победивме. Сега ќе мораме многу да трчаме, затоа што тие играат брз ракомет, често играат со брз центар и се снаодливи во транзицијата. Исто така, играат одбрана 6-0, па ќе треба да ги рашириме, со мудар и добро поставен напад.

Ги повикувам навивачите да дојдат да не бодрат и се надевам дека со победа заеднички ќе го прославиме пласманот во фазата Топ-16“.

035399f1dd3e8694eb2c36abba63caec_L_resizeВанчо Димовски:Лино кажа еден убав податок, а тоа е дека до сега две календарски години завршуваме со веќе обезбеден пласман во осминафиналето. Се надеваме дека така ќе биде и сега. Натпреварот во Берн го добивме тесно и на крајот не бевме многу среќни. Миркуловски доби црвен картон, а ние во завршницата пропуштивме убава предност, па се мачевме до последните секунди и  на крајот спасувавме жива глава Наша цел е и да го поправиме впечатокот од првата средба. Сакаме овојпат да одиграме многу подобро, свесни дека квалитетот е на наша страна, но тоа ќе треба да го потврдиме и на теренот. Ќе играме и за нас и за публиката и се надевам заедно да прославиме уште еден голем успех на Металург“.

Фото:

Прочитано 2.278 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 13