Топ Вести

ЛИНО ЧЕРВАР: МЛАДОСТА Е НАШИОТ АДУТ

13.03.2015 14:50
DAR_7906_resize

za tekst

Металург денеска одржа редовна прес-конференција по повод последниот натпревар од регуларниот дел на СЕХА-лигата, меѓу екипите на Металург и на Брест Мешков.

DAR_788_resize_resizeЛино Червар: “Стигнавме и до последниот натпревар во регуларниот дел на СЕХА-лигата. Во изминатиот период, за кратко време одигравме три средби, меѓу кои и една со Мешков во Брест. Мешков веќе има осигурано настап во Веспрем и тоа е еден противник на кој добро му се спротивставивме во Брест, каде победи нивното искуство, но каде и ние добро игравме. Сигурно е дека тие се апсолутни фаворити, имаат моќен тим. Во составот имаат десетина странци, а во првата седморка сите им се странци, со исклучок на Рутенка. Очекувам тежок натпревар. Но, иако тие се фаворити, ние со нашата млада екипа ќе се бориме да се спротивставиме, да одиграме добро. Овие мечеви се значајни за нас, особено во овој период во кој во од градиме една млада екипа, градиме нов проект, со кој отвораме нова страница и во овој период мораме сите да имаме малку трпение. Натпреварот ќе го искористиме за да стекнеме дополнително искуство со кое ќе се подготвиме за наредните искушенија во македонската лига. Верувам дека гостите овој пат нема да влезат невнимателно како на првиот меч. Ја повикувам нашата публика да дојде да ги поддржи овие млади играчи. Борбеноста и публиката се на наша страна, се друго во овој меч е на страната на противникот“.

DAR_728_resize_resizeНикола Костески: “Знаеме каква екипа е Брест, пред неколку натпревари игравме таму и имавме шанса и да победиме. Но, на крајот победи нивното искуство. Уверен сум дека секој од нас ќе го даде својот максимум и ќе се бори за што подобар резултат. Се надевам дека публиката ќе дојде на оваа последна средба и дека ќе ни даде поддршка“.

DAR_781_resize_resizeЛевче Китевски: “Ви благодарам што сте и денес со нас, пред овој последен натпревар во СЕХА-лигата. Како што кажа Лино Червар, во овој период градиме нов тим, со кој отвораме нова страница. Како претседател на клубот јас сум задоволен од сработеното и од составот на екипата, во која го вклопивме оној квалитет што беше на располагање во дадениот момент. Верувам во овие млади момци што се производ на Металург, затоа што јас кога работам на нешто, секогаш верувам во себе и во сите луѓе кои се околу мене. Истовремено, ние работиме и врз создавањето на екипата за следната сезона, во која верувам дека ќе го вратиме Металург на местото кое му припаѓа“.

Фото: Дарко Аноновски, “Н.Македонија“.

Прочитано 1.310 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 5