Топ Вести

ЛИНО ЧЕРВАР: НАТПРЕВАРОТ ГО РЕШИЈА НАШИТЕ ТЕХНИЧКИ ГРЕШКИ

04.03.2015 23:31

za tekst

По средбата Нексе – Металург се одржа редовната прес-конференција.

Зденко Корди: “Ја респектиравме екипата на Металург, која има свој систем и чиј тренер точно знае како треба да се игра. Генерално, задоволен сум од средбата. Натпреварот го решивме со подобрата одбрана, а предноста ни даде слобода за ротација во тимот. Му честитам на Металург, тие се наши спортски пријатели и ние сме им на располагање секогаш кога ќе им треба нашата помош“.

Чан Челеби: “Трениравме многу и напорно оваа седмица. Не е лесно да се игра во овој ритам, особено против квалитетни екипи како Мелсунген, Татран или Металург. Оваа победа е чекор повеќе за нас. Среќни сме поради победата, а на Металург му благодарам за фер играта“.

Лино Червар: “Ние сме во лоша ситуација. По последниот натпревар со Нексе изгубивме неколку клучни ракометари, како Вугринец и Миркуловски. Сега имаме многу млада екипа. Почнавме добро, но направивме многу технички грешки, како во првото, така и во второто полувреме, но мислам дека и Нексе одигра многу подобро во вториот дел од средбата. Секако, се уште имаме шанса за шестото место, но со овој млад состав тоа ќе биде тешка задача“.

Борјан Маџовски: “Направивме многу технички грешки, а Нексе го искористи тоа. Тие играа попаметно од нас и ги користеа нашите грешки за лесни голови од контранапад. Ја заслужија победата“.

Прочитано 1.587 пати

(3) Коментари

  1. Зашто никој од управата не одговара за повредените играчи дали се сериозни треба да знаеме

    • Сериозни не се, но мала пауза е потребна.

  2. Blagodaram

Напишете коментар


4 − = 2