Лино Червар: Победивме, но имаме уште многу работа

19.09.2016 23:03
_DSC0131_resize

На прес-конференцијата по натпреварот, Лино Червар изрази задоволство од играта и од победата на Металург против Татран Прешов нагласувајќи дека таа е целосно заслужена. Червар ги пофали своите играчи, но не заборави да и се заблагодари и на публиката за поддршката.

Заслужено победивме. Добро го отворивме натпреварот, имавме сконцентриран напад и постигнавме голови со што направивме голема разлика, а одлична беше и одбраната. Потоа имавме пад, противникот се доближи, но не ја загубивме главата и успеавме да дојдеме до победата. Покажавме дека напредуваме, но имаме уште многу работа пред нас. Им честитам на моите ракометари за залагањето, иако нема да одвојам никого, бидејќи сакам да ги гледам како тим, а не како збир на поединци. Благодарност и до публиката, која доаѓа во се поголем број и ни дава искрена поддршка. Сакам да ги повикам да не бодрат и на натпреварот од Лигата на шампионите. Искрената поддршка од публиката им дава дополнителен мотив на ракометарите“, изјави Червар по средбата.

Капитенот на Металург, Филип Талески, кој повторно беше најдобар поединец во нашиот тим, смета дека напредокот е очигледен:

Честитки за Татран Прешов за добрата игра. Одбраната го реши натпреварот заедно со Дарко Арсиќ, кој одигра одличен меч. Се договоривме да играме паметно во текот на сите 60 минути, имавме и падови, но издржавме и покажавме дека можеме да победуваме“, изјави Талески.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 10