ЛИНО ЧЕРВАР: ПОЧНУВАМЕ ДВЕГОДИШЕН ПРОЕКТ НА ПОДМЛАДУВАЊЕ НА ЕКИПАТА

29.08.2014 14:27

za tekst

Денеска се одржа прес-конференција на Металург, посветена на првиот натпревар од новата сезона во СЕХА Гаспром регионалната лига, против екипата на Татран од Прешов (Словачка). Пред многубројните претставници на медиумите, со свои изјави излегоа шефот на стручниот штаб на Металург, Лино Червар, и капитенот на екипата, Наумче Мојсовски.

Лино Червар ја искористи првата прес-конференција во новата сезона и зборуваше за плановите на Металург, за амбициите во новата сезона, а го најави и новиот, двегодишен проект на подмладување на екипата.

AND_11009_resizeЛино Червар: “Пред самиот сме почеток на новата сезона и драго ми е што сме одново заедно. Оваа година нашите планови и нашата стратегија ќе бидат малку изменети, но тоа не е случајно, тоа е нешто што веќе сме го најавиле. Ние добро ги анализиравме нашите три години во Лигата на шампиони и убедени сме дека го постигнавме нашиот максимумот. Со еден тим каков што е Металург, три години тргнувавме од квалификациите и стигнувавме до најдобрите осум. Знам дека сите ние секогаш сакаме повеќе, но морам да кажам дека за Фајналфор во Лигата на шампионите треба нешто повеќе, требаат пари, а за жал и политика. Ние не се откажуваме од Лигата на шампионите и ќе се обидеме и оваа година да дадеме се од себе за да играме добро. Групата во која сме е тешка, ПСЖ е многу силен, тука е и Загреб, а да не го споменувам Кил, тука е Брест Мешков, кој донесе многу засилувања, тим со 14 странци. Но ние нема да се предадеме и ќе одиме на победа на секој натпревар.

Металург оваа година се определи за еден нов проект каков што нема никој во Европа. Клубот од оваа сезона започнува двегодишен проект чиј темел ќе биде младоста, комбинирана со искуството. Металург оваа и наредната сезона треба да биде спој на младост и искуство, а носители на проектот ќе бидат млади ракометари помогнати од Мојсоски, Миркуловски, Јоноски, Маркоски и другите. Металург ќе биде вистинско освежување во Лигата на шампионите. Преку 40 отсто од играчите во тимот имаат меѓу 18 и 22 години, осум од нив се повисоки од два метра. Ова што ние сакаме да го направиме е добро за ракометот во Македонија и за репрезентацијата на Македонија. Екипата е составена од 73 проценти македонски ракометари и 23 проценти странски, но млади играчи.

Што се однесува на СЕХА-лигата, таа покажува одличен напредок, одлична огранизација и нѐ очекуваат многу тешки натпревари. Но, додека не добие некој вистински легитимитет во Европа, ние ќе ја користиме за да им дадеме предност на младите играчи. Татран за седум дена игра квалификации за влез во Лигата на шампионите, тие веќе се во топ-форма. Ние имаме уште време да растеме, но, според мене ќе биде еден добар натпревар. Ги гледав во Добој, го освоија турнирот, имаат засилувања и играат одлично.

За домашното првенство можам да кажам само дека го респектираме Вардар, но ќе направиме се титулата да остане кај нас“, изјави Червар.

AND_11049_resizeНаумче Мојсовски: “Подготвен сум за настап. Работев напорно изминатиот период. Целосно сум рехабилитиран и се чувствувам одлично. Тренирам со екипата и се надевам дека ова ќе биде последна повреда. Сепак, не смееме да заборавиме дека повеќе од шест месеци бев надвор од теренот. Не настапив во Струга, бидејки подлогата на тоа игралиште е ризична за рековалесценти и во договор со тренерот Лино Червар решивме да го пропуштам турнирот, па затоа едвај чекам утре да излезам на терен. Имаме квалитетен состав, со искусни и млади играчи, каде главна цел ќе ни биде успешно да ја минеме групата во Лигата на шампионите и да влеземе во елиминациските натпревари. Сакам да почнеме со победа, но нема да биде лесно. Татран минатата година ни создаде многу проблеми во СЕХА-лигата, но ќе дадеме се од себе за тоа да не се повтори и сезонава.

СЕХА, како и минатата година, не ни е приоритет и ќе ни служи за воигрување. Ваквите натпревари пред меч во Лигата на шампионите ќе ги играме со сите сили, за да влеземе во форма, а понатаму ќе биде полабаво. 

Во однос на домашното првенство, фаворит за титулата е тимот на Вардар, кој се засили на многу позиции, но ние ќе се потрудиме титулата да не замине од Автокоманда“

AND_11607_resizeЛевче Китевски: “Би сакал да ви се заблагодарам за присуството на денешната прес-конференција. Ланската сезона, на последниот прес ви се заблагодарив за се што направивте за Металург во сезоната 2013/14. Би сакал и оваа година да имаме добра соработка меѓу Металург и сите пишани и електронски  медиуми. Нашиот шеф на стручен штаб воглавно опфати се што би требало да ве интересира, а јас од моја страна сакам да додадам дека Металург ќе игра на победа на секој натпревар. Успесите и неуспесите од минатите сезони ги покажуваат резултатите. Ние продолжуваме со реализација на зацртаните проекти и цели. Посебно би сакал да ве информирам дека во Металург има доста промени, а комплетиран е и процесот на пререгистрација во АД, но за тоа наскоро ќе организираме посебна прес-конференција“.

Фото: Дарко Андоновски, “Н.Македонија“

Прочитано 2.716 пати

(3) Коментари

  1. Kako 8 nad dva metra koga se 4 Borozan,Talevski,Marsenic i Nelovski ?

    • Н.Марковски, Јоновски, Коциќ и Кукоски.

  2. Zajaknete ja rabotata so pomladite kategorii i so Metalurg Junior. Zgolemete go brojot na rakometari pod direkten trenazen proces na Cervar barem ednas nedelno i obavezno po edna prijatelska utakmica na dve nedeli pod palkata na Cervar so rakometari od pomladite kategorii. Znam deka na toj nacin Cervar ke e mnogu optereten no najdete nacin da go rasteretite za da moze pogolem broj igraci da dobijat pravilen razvoj i da naviknat na rabota so nego uste od pomali za da ja nadminat polesno psiholoskata bariera so koja se srekavaat sega koga ke dobijat sansa da pokazat sto znaat pod negovo vodstvo.

Напишете коментар


6 + 2 =