ЛИНО ЧЕРВАР: ПОКАЖАВМЕ ЗАБИ, САМОДОВЕРБА И КАРАКТЕР

07.02.2015 23:13

za tekst

По натпреварот Металург – Војводина се одржа редовната прес-конференција.

“Честитки до екипата на Металург за фер и коректната борба. Имавме доволно високо водство, но сепак не успеавме. Друг коментар немам“, изјави Џорџе Чирковиќ, тренерот на Војводина.

„Војводина е добра екипа која овој пат на паркетот беше многу посилна и поискусна од нас, но ние покажавме заби и карактер, се боревме на теренот и дојдовме до реми. Овој пат, сакам да ја пофалам нашата млада екипа и нашите млади ракометари кои покажаа многу самодоверба, бескрајна борба и успеаја од 7-8 разлика да се вратат и да имаат дури и напад за победа“, рече Лино Червар.

“Честитки до екипата на Металург. Во првиот дел одигравме одличен натпревар и го завршивме со висока предност. Во вториот дел направивме повеќе грешки, а и Металург заигра многу поагресивно, па во последниот напад можеше и да победи. Можеме да бидеме, но и да не бидеме задоволни од освоениот бод“, Мирослав Коциќ.

„Мислам дека на оваа средба покажавме карактер и дека, ако играме како што знаеме, можеме да се вратиме од 6-7 голови негатива. Во второто полувреме ја кренавме нашата игра, се вративме резултатски, извлековме реми и мораме да бидеме задоволни“, изјави Борјан Маџовски.

Фото:

 

 

Прочитано 3.858 пати

(1) Коментар

  1. Bravo za deckite, treba uste mnogu rabota no se ke si dojde so vreme. Eden sovet za Marko, Filip i ostanatite bidete hrabri kako Borjan Magjovski i igrajte so zelba za uspeh kako sto toj go pravi toa, mozebi ne e son ajdobri fizicki predizpizicii no na teren grize, igra hrabro so srce i so samodoverba.Samo hrabro momchinja i ke bide dobro.

Напишете коментар


8 + 6 =