Лино Червар: Приказната за Металург е приказна за клубот кој со години е најголемиот расадник на македонските ракометни таленти

02.10.2018 01:40
ppd-izv_-_27_original_resize

Пред утрешниот натпревар од петтото коло на СЕХА-лигата, меѓу ППД Загреб и Металург, домашната екипа одржа прес-конференција посветена на оваа средба. Посебно емотивно излагање имаше шефот на стручниот штаб на Загреб Лино Червар, кој дури осум години го предводеше Металург во времето кога нашиот клуб ги постигна своите најголеми резултати.

За мене ова не е секојдневна средба, бидејќи за првпат ќе го водам својот тим против екипа на чија клупа минав осум години. За мене сето тоа ќе биде многу емотивно. Тоа беа прекрасни години, бидејќи во Скопје доживеав многу убави денови и носам многу убави спомени. Не само затоа што двапати игравме во четврт-финалето на Лигата на шампионите, ниту поради освоените четири првенства и три Купа, туку поради тоа што бев дел од една прекрасна ракометна приказна. Тоа е приказна за клубот, кој, иако со послаба платежна моќ, сите овие години успева да биде најголем расадник на македонските ракометни таленти. Тоа е приказна за клубот кој дава 90 % во кадетска, јуниорска и сениорска репрезентации на Македонија и е жив пример, за сите што плачат дека нема пари, како со воља, ентузијазам и желба можат да се надминат сите проблеми. Во однос на Вардар, Металург работи во многу поскромни услови, но од поодамна е препознатлив како македонски бренд и македонски производ.

Денешната екипа на Металург е млада, но таа веќе одигра неколку квалитетни партии. Ако зборуваме за поединци тогаш во прв ред ќе го спомнеме нашиот Халил Јагањац, кој е првото име на оваа екипа, а тука се и нашите многу добри Миличевиќ и Токиќ. Од перспективните секако треба да се пофалат голманот Томовски, како и Велковски, Серафимов и Лазаревски, на кои треба да се внимава. Тука има многу млади ракометари кои играат во младинските селекции, но веќе сега тропаат на вратата на сениорската репрезентација. Можеби нивните резултати во оваа сезона не се најдобри, но треба да се има в предвид дека тоа е млада екипа во формирање. Против Татран во Лигата на шампионите се држеа скоро до самиот крај, но потоа потклекнаа. Нивната колективност, ентузијазмот, желбата и вољата за докажување секако треба да се респектираат“, рече Червар.

Тренерот кажа се што е важно за Металург, па затоа јас само ќе додадам дека ние мораме да мислиме на себе и мораме максимално концентрирани да влеземе во овој натпревар, за да ја оправдаме фаворитската улога и да ги освоиме трите бода. Ако тренерот реши да поштеди некого од поискусните играчи и да ни даде можност и повеќе минути на нас помладите, тогаш ние треба да го оправдаме неговото поверение и на свој грб да го изнесеме натпреварот. Што се однесува на Металург, можам да кажам дека се работи за млада и полетна екипа која е во состојба да ја искористи секоја можност која ќе и ја понуди противникот. Никако не смееме да ги потцениме, бидејќи сето тоа може да ни се врати како бумеранг“, рече младиот ракометар на ППД Загреб Јосип Ереш.

.

IMG_6272_1_1200_900_80_s_c1_resize

Прочитано 1.056 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 4