Лино Червар: Против Мешков Брест ќе се бориме до крајот

17.09.2016 23:21
GIL_8058_resize

В среда Металург ја игра средбата од 3. коло во СЕХА-лигата, против уште голем фаворит во регионалното натпреварување, екипата на Мешков Брест, која веројатно моментално е во најдобрата форма од сите наши досегашни противници. Мешков имаше многу подолги подготовки, а веќе успеа да освои и два турнири и да игра во финалето на третиот.

Металург денеска одржа прес-конференција по повод оваа средба, а своите размислувања ги искажаа Лино Червар и Мартин Велковски.

Против Веспрем добро се држевме, а и одбраната играше солидно, и ако се изостават грешките, бевме добри. На мојот тим му требаат вакви мечеви, со силни тимови. Младите ракометари преку ова натпреварување учат како да се игра на резултат. Мешков е една од најдобрите екипи во СЕХА и се надевам дека за овој натпревар ќе бидеме комплетни. Го имаме Обрадовиќ и новото засилување Драгаш. Нелоски покажа дека се враќа во форма и мораме да бидеме трпеливи. На овој натпревар со Мешков треба да ја употребиме главата. Секој натпревар е приказна по себе“, истакна Червар на денешната прес-конференција.

Мартин Велковски, пак, смета дека белорускиот претставник е фаворит на овој дуел, што е мотивација повеќе за неговите соиграчи.

Можам да кажам дека Мешков е фаворит. Финансиски и играчки се подобри од нас. Но тоа е дополнителна мотивација да одиграме подобро. Се надевам дека ги научивме нашите грешки и дека ќе бидеме поконкурентни”, изјави Велковски.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 4