ЛИНО ЧЕРВАР ЗА “ГЛАСОТ НА ИСТРА“: ИДНАТА ГОДИНА НЕМА ДА ДОЈДЕМЕ

27.08.2012 13:27
DSC_0166_resize_resize1

Многу поплаки на судењето имаа тренерите, на туку што завршениот турнир во Новиград. Поплаки имаа нашите, се жалеа и од Горење. И ова не е прв пат. Поради истите причини лани турнирот го напушти екипата на Копер.

Тренерот на Металург, Лино Червар, даде кратка изјава за весникот “Гласот на Истра“:

“Не сум сигурен дека клубот ќе се реши да дојде и следната година. Тоа најмалку ме радува, но слично размислуваат и Словенците. Кого радува фактот што лани турнирот го напуштија ракометарите на Копер ?“

“Никој не бара никаква наклонетост, погодност или нешто што му следува како гостин. Но, ми се чини дека судиите тоа го испуштија од вид. Морам да кажам дека тоа многу ги погоди моите во клубот, исто како и гостите од Словенија, а ниту Кинезите не беа одушевени од судењето. Мене ми било најтешко, бидејки тука сум практично домаќин, но зошто да се прават разлики меѓу соперниците. Со што тоа го заслуживме едните, вторите или третите ? Ние, на пример, патувавме 17-18 часа со автобус за да дојдеме овде и да ја надополниме прекрасната манифестација, а сега некој ве “турка“ во втор план. Не ги правдам нашите постигања кои во моментот ми се најмалку важни, но зошто победникот мора да се знае и пред да почнеме со игра. Честитки за успехот до екипата на Загреб, но останува неизбежниот впечаток за “ветер во грбот“.

“Што би се случило ако, на пример, Горење победеше на турнирот, иако повторно истакнувам дека ме радува успехот на екипата на Загреб. Не ни служи на чест таквите работи да ги ставиме над златниот хрватски спорт. Чувствувам потреба тоа јавно да го кажам, бидејки моите и реакциите на останатите не се вперени против загрепската екипа. Нас не радува тоа ривалство, но на здрави основи и при нормални услови.

“На домаќините и организаторите им упатувам срдечни честитки во мое и во име на мојот клуб“, рече Лино Червар.

Прочитано 1.078 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 4