ЛИНО ЧЕРВАР: ЗА НАС СЕГА Е НАЈВАЖЕН ОПСТАНОКОТ НА КЛУБОТ

11.12.2014 01:32

za tekst

По натпреварот Металург – Вардар, се одржа редовната прес-конференција.

raul_resizeРаул Гонзалес: “Задоволни сме од оваа победа. Ангелов во првиот дел ја направи разликата и тоа беше решавачко за понатамошниот тек на натпреварот. Потоа, нашите играчите веќе беа уморни, па ги сменив за да ги одморам. Знам дека Металург има доста ракометари што си заминаа, па ние имавме повеќе играчи за ротација и тоа се покажа важно за нас и пресудно за средбата“.

terz_resizeСтефан Терзиќ: “Добро го отворивме натпреварот. Ангелов одлично го почна натпреварот и фати неколку зицери. Металург, иако е во тешка ситуација, сепак е  одлична екипа и беше навистина тешко да се игра против стратегијата на Лино, кој одлично ја спреми својата екипа во одбраната. Сепак најбитно е што ги издржавме сите 60. минути, што победивме и ги освоивме тие бодови што ги посакувавме”

lino_resizeЛино Червар: “Честитки за Вардар за заслужената победа. На почетокот одиграа поцврсто од нас и ги искористија своите шанси. Во второто полувреме ние заигравме подобра одбрана, но предноста на противникот беше преголема за да ја стигнеме. Ние сме во таква ситуација во каква што сме, но задоволни сме што повторно во игра ги видовме Талески и Мартин Манасков. Го загубивме овој меч, но одиме понатаму, пред нас се уште два дуели, против Веспрем и против Раднички, со што ја завршуваме оваа година. За нас, во овој момент најважен е нашиот опстанок и ќе видиме што ќе се случува со клубот во иднина, но морам да ги пофалам моите ракометари што и во таква ситуација даваат се од себе и играат најдобро што можат“.

tales_resizeФилип Талески: “Во мечот влеговме поопуштено од Вардар, а тие знаеја да ги искористат нашите слабости во одбрана. Мислам дека резултатот го направија нивните контри, но и Петар Ангелов, кој беше одличен на голот“.

Фото:

Прочитано 3.585 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 16