Лошиот почеток на Металург ја реши младинската средба во полза на Струга

14.10.2018 16:33
_DSC0033_resize

Во Автокоманда денеска се одигра средбата од првото коло на младинското првенство на Македонија, група 1. Екипата на Металург настапи против тимот на Струга, еден од главните фаворити за првото место во групата. Средбата очекувано заврши со убедлива победа на многу поискусниот и постар тим на Струга, во чии редови настапија дури десетмина ракометари кои играат во суперлигашкиот тим на Струга. Гостите победија со резултат 18:26 (11:17).

Всушност, средбата ја реши лошиот почеток на Металург, кој во првите десетина минути не постигна ниту еден, а прими дури седум гола. Остатокот од средбата мина во рамноправна игра, со оглед дека натпреварот го загубивме со разлика од осум гола.

По шокантниот почеток, нашите младинци најдоа сили и успеаа да се вратат во игра, доближувајќи се на растојание од само три гола зад резултатот на Струга, 9:12. Сепак, првото полувреме заврши со предност на гостите од шест гола, 11:17.

Во второто полувреме гостите со рутинска игра ја задржаа својата предност и дојдоа до првите бодови во новото првенство.

.

РК Металург – РК Струга  18:26 (11:17)

РК Металург: Брестовац, Ацевски, Димевски 1, Фидановски, Блажевски, Вељановски 2, Миладиновски 1, Дуноски, Крстев, Јорданов 3, Донев 2, Митковски 1, Мелоски 1, Николов 4, Стојковиќ 1 и Андрески 2.   Седмерци: 4/8.   Исклучувања: 10 минути.

РК Струга: Савески, Крстановски 3, Милески 1, Бајрамоски, Хаџидимов 1, Нацев 1, Ферукоски 1, Барлакоски 2, Тутенковски, Маркоски, Велиќиќески, Кицески, Кузмановски 10, Мемеди 1, Костоски и Костески 6.   Седмерци: 3/7.   Исклучувања: 12 минути.

Судии: Кимовски Благој и Михајлов Блаже од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 181 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 16