Лошиот почеток на нашиот тим го реши натпреварот меѓу Металург РА и МРК Куманово

06.03.2021 18:10
DAR_3414_resize

Во рамките од второто плејоф коло во Првата ракометна лига, во Автокоманда се одигра натпревар меѓу екипите на Металург РА и на МРК Куманово. Се очекуваше рамноправна игра и обид на нашиот помлад тим да дојде до првите бодови во оваа фаза, но средбата сепак заврши со пораз на нашата екипа.

Виновни за овој пораз се лошиот почеток на Металург РА и гостинскиот голман Стефан Кимевски, кој на овој натпревар собра дваесетина одбрани. Всушност средбата ја загубивме на самиот старт, кога противникот поведе со резултат 5:0. Оваа разлика се одржа до крајот на првото полувреме, но и во големиот дел од второто. Металург РА се обидуваше да парира и повремено успеваше да се доближи до резултатот на противникот, но немаше сили за целосен пресврт. Најголемата шанса нашите ракометари ја имаа во последните минути од натпреварот, кога при негатива од три гола не реализираа три едноподруго напади. Во два од нив имавме вистински зицери, но на голот на Куманово беше несовладливиот Кимевски.

По две одиграни кола, Металург РА има само еден бод, а во третото коло ќе и гостува на екипата на Јехона.

.

РК Металург РА – МРК Куманово  26:29 (12:17)

РК Металург РА: Брестовац, Ацевски, Димевски, Фидановски 8, Тричковски 2, Христоски 2, Николов 2, Андревски 4, Ристовски 2, Георгиевски, Шкријељ, Прцуловски, Петровски 6 и Таневски.    Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 4 минути.

МРК Куманово: Цветковски 6, Димитров 8, Кузмановски 1, Денковски, Стојмановски, Спасиќ 1, Даневски 1, Кимевски, Димитријевски, Трајчевски 2, Миладиновски 4, Трајковски, Тасевски 6, Ацевски и Бошковски.     Седмерци: 6/7.      Исклучувања: 16 минути.

Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески.

Делегат: Илија Цветкоски.

Прочитано 231 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 3 =