ЛОВЌЕН ПОВТОРНО СТРАДАШЕ ВО “АВТОКОМАНДА“

17.10.2012 21:27
GIL_4481_resize_resize

Во петтото коло од регионалната СЕХА-лига, Металург високо го совлада тимот на Ловќен од Цетиње, со резултат 32:19 (14:8).

На овој натпревар за Металург не настапи повредениот Маркоски, а поштедени беа Димовски, Ангелов и Јоновски.

Самиот почетокот, кога екипите ги испитуваа силите, им припадна на гостинските ракометари, кои имаа водство од 1:0 и 3:1. Меѓутоа, по израмнувачкиот гол на Козлина, работите си дојдоа на своето место.

Со голот на Ракчевиќ, во седмата минута, Металург првпат стекна предност, која ја задржа до самиот крај. Набргу создадовме предност од пет гола, 10:5, а на одмор екипите заминаа со резултат 14:8. Брилираа Станиќ, на нашиот гол, и браќата Мојсовски, во нападот, при што тие заедно постигнаа точно половина од нашите голови.

Во второто полувреме се разиграа Козлина, Батиновиќ и Стевче Алушовски и набргу предноста почна да расте, најпрво на +7 (19:12), потоа на +10 (26:16), се до крајните +13 (32:19).

И покрај очајните обиди, противникот не можеше да се спаси од висок пораз.

Се на се, рутинска победа на Металург, кој на овој натпревар не го форсираше резултатот и кој вложи толку сили колку што беа потребни.

РК Металург – Ловќен   32:19 (14:8)

РК Металург: Станиќ (13 одбрани + седмерец), Митревски (две одбрани + седмерец), Ракчевиќ 3, Левов, Вугринец 1, Наумовски 1, Георгиевски, Козлина 5, Манасков 2, Миркуловски 2, З.Мојсоски 5, Додер, Н.Мојсовски 6, Стоилов 1, Батиновиќ 3 и Алушовски 3.     Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 2 минути.

Ловќен: Даскаловски (4 одбрани), Абрамовиќ, Липовина, Јоветиќ, Поповиќ 1, И.Радовиќ, Марковиќ 5, Вујовиќ 4, Пејовиќ 2, Драшковиќ 1, М.Радовиќ 2, Перишиќ, Николиќ 1, Ласица и Грбовиќ 3.     Седмерци: 3/5.     Исклучувања: 0 минути.

Судии: Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска.

Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

Фотогалерија:

Прочитано 794 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 9 =