Лука Вујовиќ: Сметам дека Металург е вистинскиот клуб за мене

19.07.2019 17:25
lvujovic10_37937289_899551943502179_6437460776117600256_n_resize

Момчето кое минатата сезона влезе во првиот тим на Ловќен, а до крајот на сезоната стана и битен член на тимот и црногорски сениорски репрезентативец, е задоволен со изборот на својот нов клуб – Металург. Лука смета дека клубот од Автокоманда е вистинскиот избор и дека е изненаден од брзината со која се развива неговата кариера.

Се се случува многу брзо, не очекував дека мојата кариера ќе се развива со вакво темпо. Во Македонија заминав во потрага по посилна конкуренција, каде ќе можам да се докажам и да се потврдам. Затоа мислам дека Металург е вистинската средина за мене“, вели Лука за црногорскиот медиум Fosmedia.me.

Лука вели дека за својот избор се консултирал и со Младен Ракчевиќ, кој неколку сезони настапуваше за Металург.

Се слушнав со Младен. Тој го поддржа мојот избор и ми рече дека Металург е вистинскиот избор и дека таму ќе работам со добри луѓе. Би сакал и јас да оставам во Металург таква трага каква што таму остави Ракчевиќ“.

Лука исто така вели дека не се плаши од конкуренцијата во тимот и дека со задоволство ќе работи со својот нов тренер Дамир Стојановиќ.

Не се плашам од конкуренцијата. Ќе се обидам со напорна работа да се изборам за поголема минутажа, како што тоа го направив и во Ловќен. Слушнав многу добри работи за тренерот Дамир Стојановиќ и одвај чекам да почнам да соработувам со него.

Ќе играме во ЕХФ Купот и во национлните натпреварувања, така да ќе има многу натпревари и простор за докажување“, вели Лука.

Прочитано 329 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 7