Македонија “А“ ја надигра Бугарија

10.12.2019 21:59
MKDA

Својот прв натпревар на меѓународниот турнир на кадетски репрезентации го одигра и нашата прва кадетска репрезентација. Во Автокоманда, Македонија “А“ ја надигра Бугарија, која ја совлада со резултат 31:22 (16:12).

Тешка борба водеа нашите кадети во воглавно израмнетото прво полувреме. Дури во финишот на првиот дел Македонија успеа да направи серија од 4:0 и го доби овој период , со резултат 16:12.

Во второто полувреме Македонија не му даде шанса на противникот. Нашите репрезентативци одиграа сигурно и не само што ја сочуваа предноста од првиот дел, туку и ја зголемија до конечните +9, 31:22.

Утре Македонија “А“ ќе го одигра и својот втор натпревар на турнирот, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Србија, која денеска ја совлада нашата втора селекција.

.

Македонија “А“ – Бугарија  31:22 (16:12)

Македонија “А“: Ацевски, Крстевски 3, Тодески 3, Илиевски 2, Фидановски 5, Ташевски 1, Грујевски 1, Ташев 7, Стојановски, Спасовски 1, Мишевски, Ѓорговски 2, Андрески 1, Атанасиевиќ 2, Стојчевиќ и Савревски 3.     Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 14 минути.

Бугарија: Спасов, Симеонов 1, Станев, Крастев 1, Атрев, Ванчев, Мошков 2, Генов, Луканов, Тончев, Петров, Костадинов 1, Хасан 5, Грозев 1, Николов 3 и Иванов 8.    Седмерци: 7/7.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 437 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 1