Македонија “Б“ е поразена од кадетите на Србија

10.12.2019 21:34
1502712_656713884370516_522076852_o_resize

Во Автокоманда почна меѓународниот турнир на кадетски репрезентации, на кој, покрај две селекции на Македонија, учествуваа и репрезентациите на Србија, БиХ и на Бугарија.

Турнирот почна со натпреварот во кој Македонија “Б“ се сретна со Србија. По голема борба, Србија заслужено победи со резултат 24:31 (11:17).

Србија подобро го отвори натпреварот и многу рано создаде резултатска разлика, која на крајот од првото полувреме изнесуваше 6 голови.

Во второто полувреме нашата втора кадетска репрезентација заигра многу подобро и во еден момент стигнавме на негатива од само еден гол, 17:18. За жал тука и застанавме. До крајот на средбата Србија успеа повторно да се одлепи и да извојува убедлива победа.

Македонија “Б“ утре ќе го одигра својот втор натпревар на турнирот, а противник ќе и биде селекцијата на Бугарија.

.

Македонија “Б“ – Србија   24:31 (11:17)

Македонија “Б“: Ивановски, Михајловски, Чакалиќ 2, Илиев, Ми. Ивановски, Митревски 4, Додевски 2, Николов, Мелоски 4, Трајкоски, Калајџиевски, Димевски 1, Донев, Јанчев, Костовски 1, Киселовски 1, Димовски 9, Стојковиќ.    Седмерци: 5/5.    Исклучувања: 0 минути.

Србија: Мрџовиќ, Зекиќ, Мијатовиќ, Вукадиновиќ 1, Кнежевиќ, Антонијевиќ 1, Ковачевиќ 2, Додиќ 5, Цениќ 8, Симиќ 5, Станисављевиќ 3, Зечевиќ 1, Пановски 2, Предовиќ 1, Тасиќ 1, Радојичиќ.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 4 мин.

Судии: Ѓорѓи Василевски и Иван Јовановски од Скопје.

Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

Прочитано 237 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 5