Македонија доби тешка група за СП во Германија и во Данска

25.06.2018 12:36
32151407061_178d7debbc_k_resize

Денешната ждрепка на Македонија и донесе тешка група за СП во Германија и во Данска. Македонија беше извлечена од третиот шешир и се најде во групата “Б“, заедно со европскиот шампион Шпанија, со Хрватска на Лино Червар и со селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија.

Нашата група ќе игра во Минхен, во спортскиот комплекс Олимпијахале.

Во следната фаза одат првопласираните три селекции од секоја група, додека преостанатите три селекции, пласирани од четвртото до шестото места, ќе настапуваат во таканаречениот “Президент Куп“.

Шампионатот ќе се игра од 9 до 27 јануари. Фазата по групи ќе се игра во Берлин, Минхен, Хернинг и Копенхаген, главната фаза ќе се игра во Келн и Хернинг, полуфиналната фаза ќе се игра во Хамбург, додека финалето ќе се игра во Хернинг.

.

Група А (Берлин – Мерцедес Бенц Арена):  Франција, Русија, Германија, Србија, Бразил, Кореја

Група Б (Минхен – Олимпијахале):  Шпанија, Хрватска, Македонија, Исланд, Бахреин, Јапонија

Група Ц (Хернинг – Јуске Банк Боксен Арена):  Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле, Саудиска Арабија

Група Д (Копенхаген – Ројал Арена):  Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет, Ангола

Прочитано 1.423 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 7 =