Топ Вести

МАКЕДОНИЈА ДОСТОЈНО МУ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА ГОЛЕМИОТ ФАВОРИТ

29.04.2015 22:44
11208698_10152992993063101_1695862143_n

za tekst

Македонија вечерва загуби, но не разочара. Напротив, нашите ракометари одиграа натпревар, по кој горди го напуштија теренот. Франција дојде до победата во самиот финиш, по голема борба, во која мораше да ги вложи сите сили и да покаже се што знае.

Франција подолго време беше во водство, на моменти водеше со три, четири и, најмногу, со пет гола разлика, но, сепак, најчесто разликата беше еден до два гола во корист на противникот.

 И Македонија имаше свои светли моменти, на пример, кога направивме серија од 4:0 во првото полувреме, или кога постигнавме три гола едноподруго во вториот дел. Македонија имаше и неколку водства, првпат во 13. минута, 6:5, а последен пат во 18. минута, при 10:9.

Својот карактер нашата репрезентација го покажа во најтешкиот момент, кога противникот поведе со +5, 17:22, во 41. минута. Од тој момент, па се до крајот на средбата, Македонија заигра на се или ништо и постепено, гол по гол, ја “грицкаше“ предноста на Французите. Кулминација на возбудата настана во 57. минута, кога најпрво ја намаливме предноста на само еден гол, 25:26, а потоа имавме и напад за израмнување.

Сепак, победи Франција.

Македонија – Франција  25:27 (13:15)

Македонија: Ристовски, Ангеловски (9 одбрани + пенал), К.Лазаров 8, Манасков 5, Стоилов 4, Георгиевски 4, Миркуловски 3, Јоновски 1, Прибак, Митков,  Ф.Лазаров, Мојсовски, В.Маркоски, Пешевски, Ојлески и Костески.     Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 6 минути.

Франција: Омејер (13 одбрани), Гигу 6, Нгуесан 5, Н.Карабатиќ 3, Л.Карабатиќ 3, Бараше 2, Порт 2, Сорхаиндо 2, Абало 1, Акамбре 1, Жоли 1, Мае 1, Аниќ, Клер, Жерард и Онрубија.       Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 3.238 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 8 = 0