Македонија доживеа убедлив пораз

04.01.2020 00:07
rakomet-makedonija-slovenija-kontrolen-mec-3-660x440

На претпоследната контролна средба, во Словен Градец Македонија загуби од селекцијата на Словенија, со резултат 33:28 (19:12).

Решавачко беше првото полувреме, кое го почнавме добро, но потоа драстично попуштивме и го загубивме со седум голови разлика. Се до средината на првото полувреме се играше гол за гол, а потоа дојде период во кој Македонија дури 12 минути остана без постигнат гол, што домашната селекција не пропушти да го казни.

Во вториот дел Словенија имаше и максимални +9, но потоа Македонија успеа да ја намали разликата се до конечните – 5.

На оваа средба настапивме без нашиот капитен и главен адут, Кире Лазаров, бидејќи селекторот Брестовац реши да им даде шанса на Велковски и на Серафимов.

Македонија загуби, но се чини дека нема место за разочарување, бидејќи нашиот национален тим секако ќе игра и поинаку и во поинаков состав на ЕП 2020.

Македонија в недела ќе го одигра и својот последен натпревар во подготовките, а наш противник ќе биде Црна Гора.

.

Словенија – Македонија  33:28 (19:12)

Македонија: Ристовски (9 одбрани), Митревски, Томовски, Манасков 8, Велковски 1, Стоилов 4, Лазаров, Талески 4, В.Маркоски, Н.Маркоски, Кузмановски 3, Костески, Танкоски 2, Георгиевски, Крстевски, Поповски, Пешевски 2, Маџовски 2, Серафимов 2 и Мишевски.

Прочитано 1.143 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 15