Македонија дури во завршницата го скрши отпорот на Финска

28.04.2021 19:10
mkd-938x535

Македонската сениорска ракометна репрезентација извојува победа на гостувањето во Финска, четврта во својот петти квалификациски натпревар за настап на ЕП 2022, што ќе се одржи во Словачка и Унгарија. Финска на крајот е убедливо совладана, со резултат 22:27 (14:12). Овој натпревар се одигра во “Кокс Арената“ во Рихимаки.

Сепак, до победата нашите репрезентативци дојдоа дури во последната четвртина од средбата, откако претходно финските ракометари имаа постојана резултатска предност, па и контрола врз средбата. Нашиот национален тим одигра бледо прво полувреме во кое особено киксираше нашата одбрана, па Финска повремено остваруваше и водство од цели три гола разлика. Првото полувреме го загубивме со резултат 14:12.

Слична игра гледавме и во првата половина од вториот дел, кога ја засиливме одбраната, но почнавме да промашуваме во нападот. Особена пречка за нашите напаѓачи претставуваше денеска неверојатниот голман на Финска, Патрик Росландер, кој одбрани дури 20 удари, но проблем беше и изведувањето на седмерците, бидејќи реализиравме само половина од досудените 12 пенали.

Сепак, тоа што не можевме во првите 45 минути го направивме во последните 15. Македонија конечно заигра според посакуваното и со серија од 5:0 го сврте натпреварот, кој потоа и рутински го заврши.

Македонија го обезбеди настапот на ЕП 2020, а веќе в недела ќе го одигра и последниот натпревар во овие квалификации. Во салата “Јане Сандански“ во Скопје ќе ја пречекаме селекцијата на Швајцарија, а оваа средба е закажана со почеток во 18 часот.

.

Финска – Македонија  22:27 (14:12)

Финска: Росландер (20 одб., 3 сед.), Хејнонен (2 одб., 1 сед.), Линдберг, Хенриксон, Форс 1, Хеландер 4, Сјоман 2, Мартин 4, Сирјала 1, Р. Гранлунд, М. Грандлунд 6, Сакинен 1, Содерлунд, Војрландер, Карлсон 3 и Туоминен.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 14 мин.

Македонија: Томовски (7 одб.), Митревски (8 одб.), Манасков 1, Велковски 1, Стоилов 2, Лазаров 5, Ѓорѓиев 2, Талески 1, Миркуловски 2, Маркоски, Кузмановски 5, Георгиевски 4, Пешевски 1, Маџовски 1, Серафимов 1 и Мишевски 1.     Седмерци: 6/12.    Исклучувања: 6 мин.

Судии: Саид Бунуара и Калид Сами од Франција.

Делегат: Калев Вестли од Естонија.

Прочитано 152 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 7