Македонија е поразена од Чешка, пласман ќе бараме преку Австрија

12.01.2020 22:04
81764372_467507987511625_4819689918773067776_n

Македонија не успеа да врзи две победи на ЕП 2020 и да го обезбеди пласманот во следната рунда. Во натпревар со две разни полувремиња, загубивме со резултат  27:25 (9:11).

Во првото полувреме одигравме одлично во одбраната и не им дозволивме на Чесите да постигнат повеќе од 9 гола. Во нападот имавме проблем со храброста на нашите ракометари, кои сета одговорност му ја оставија на Кире Лазаров. Но, сепак бевме подобри од Чешка и полувремето го добивме со два гола разлика.

Во вториот дел на паркет се појави една друга Македонија, чија игра се распадна уште во првите седум минути. Наеднаш нашата одбрана стана порозна, а нашиот напад неефикасен. Чешка брзо се снајде и не казни со промена на водството. Од тој момент, па се до крајот на средбата, Чесите имаа константна предност, највисока при 22.18.

Во последните пет, шест минути влеговме со егал резултат, но тоа беше се што сторивме.

Сега пласманот ќе мораме да го бркаме на средбата со Австрија, која ќе мораме да ја победиме со најмалку два гола разлика.

.

Чешка – Македонија  27:25 (9:11)

Македонија: Митревски 1, Ристовски 4, Георгиевски 4, Крстевски, Кузмановски 1, Лазаров 11, Маџовски, Манасков 5, Маркоски, Мишевски, Пешевски, Поповски, Стоилов 1, Талески 2, Танкоски 1 и Велковски.   Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 6 мин.

Прочитано 843 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 9