Македонија е трета европска ракометна сила на клупски план

05.07.2019 16:29
ResourceImage.aspx_resize

Македонија го доби највисокиот клупски ранкинг во својата историјата. На најновата ранг-листа Македонија има 115 освоени бода и забележа скок од четири места, па сега е треторангирана земја на вкупниот европски клупски ранкинг.
На оваа листа пред Македонија се само Германија и Франција, со по дваесетина бодови повеќе.

Овој успех се должи на резултатите на Вардар, но и на Металург во Лигата на шампионите.

Овој ранкинг значи дека Македонија во следните три години сосема сигурно ќе има клуб што ќе игра и во новата верзија на Лигата на шампионите, а ќе има и три места во Лига Европа.

.

raking_resize

Прочитано 359 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 0