Топ Вести

Македонија ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2020

12.04.2018 20:37
EM2020

Во Трондхајм (Норвешка) денеска се извлечени квалификациските групи за пласман на ЕП 2020 во Австрија, Норвешка и Шведска.

Македонија, која стартуваше од првиот шешир, доби група по мерак, а тука, покрај нашата репрезентација, се и селекциите на Исланд, Грција и Турција. Како што е познато, пласман на ЕП 2020 ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани селекции, па се чини дека Македонија овој пат има релативно лесна задача да обезбеди пласман на уште едно големо натпреварување.

ЕП во 2020 година е прво во кое ќе учествуваат дури 24 репрезентации.

.

Квалификациски групи:

Група 1: Германија, Израел, Полска, Косово

Група 2: Хрватска, Швајцарија, Србија, Белгија

Група 3: Македонија, Турција, Исланд, Грција

Група 4: Словенија, Летонија, Холандија, Естонија

Група 5: Белорусија, Босна и Херцеговина, Чешка, Финска

Група 6: Франција, Литванија, Португалија, Романија

Група 7: Унгарија, Словачка, Русија, Италија

Група 8: Данска, Украина, Црна Гора, Фарски Острови

 

Прочитано 346 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 3 =