Македонија ги прокнижи првите бодови

10.01.2020 23:44
EHF EURO 2020 (rakomet) Makedonija-Ukraina 10.01.2020-5219_resize

Се случи тоа што го очекуваше и што го посакувавме, Македонија ја совлада Украина и ги запиша првите бодови. Тоа во моментот е најважно.

Но денешната драматична победа носи и доза на опомена, бидејќи играта од последните 15 минути не смее да се повтори на средбите со Австрија и со Чешка, ако сакаме пласман во главната фаза на првенството.

Македонија беше убедлива во текот на првите 45 минути. Игравме доволно добро за да имаме постојана предност, која во два наврати стигна и до максималните 5 гола разлика.

Но, во последните 15 минути дојде до силен пад во нашата игра, кој резултираше со вистинска драма во која Украина двапати го израмни резултатот, а Кире Лазаров постигна победнички гол буквално во последната секунда.

Македонија – Украина 26:25 (13:10)

Македонија: Митревски 16, Ристовски, Георгиевски 2, Крстевски, Кузмановски 1, Лазаров 8, Маџовски, Манасков 5, Маркоски, Мишевски, Пешевски 1, Поповски, Стоилов 4, Талески 4, Танкоски 1 и Велковски.

Прочитано 216 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 2