Топ Вести

Македонија ги реши брзите Јапонци

11.01.2019 17:57
македонија

Македонија триумфално го почна СП во Германија и во Данска, откако во првата средба убедливо славеше против незгодната Јапонија. Македонија победи со резултат 38:29 (18:13), што е наш највисок триумф во првите натпревари на светските првенства, и на своето конто ги запиша првите два бода.

Нашите избраници одиграа одиграа одличен натпревар, особено во нападот, но ќе мораат да ја подобрат својата игра во одбраната, која денеска прими 29 голови и тоа при еден перфектен учинок на Борко Ристовски, кој одбрани 20 удари. Свое деби денеска имаше нашиот Мартин Серафимов, кој ги одигра последните четири минути и упати два удари кон голот на Јапонија. За жал, првиот удар отиде над голот, додека вториот го скроти противничката одбрана.

Македонија имаше контрола во текот на целата средба. Првиот гол го постигна Дејан Манасков, а многу брзо стекнавме и водство од два гола, 1:3. Се уште “свежата“ и брза Јапонија имаше и свои минути и во 7. минута го забележа своето единствено водство, 4:3. После тоа, темпото го диктираше накедонската репрезентација, која во 19. минута веќе имаше позитива од пет гола, 5:10. Одличен беше и Борко Ристовски, кој во 20. минута ја забележа својата 10-та победа, а првото полувреме го заврши со цели 14. Првото полувреме заврши со резултат 13:18, во полза на Македонија.

На почеток на второто полувреме Јапонија го направи својот последен обид да дојде до резултатски пресврт. Јапонците ја искористија својата брзина и во неколку наврати ја намалија нашата предност на три гола. Но, Македонија брзо го скроти овој порив на противникот и повторно ја презеде комплетната контрола врз натпреварот. Во 53. минута го видовме најубавиот гол на средбата, во режија на браќата Лазарови. Кире му ја наврли топката на Филип Лазаров, кој од цепелин постигна преубав гол. Како што се доближуваше крајот на средбата, така паѓаше и моралот на нашиот противник, па Македонија во два наврати дојде и до двоцифрена предност. Конечниот резултат е 29:38 и тој означи сигурна и целосно заслужена победа на нашиот национален тим.

За најдобар играч на средбата е прогласен македонскиот пикер Стојанче Стоилов.

Следниот натпревар на ова светско првенство ќе го одиграме в недела, а наш следен противник ќе биде селекцијата на Бахреин.

.

Јапонија –Македонија  29:38 (13:18)

Јапонија: Мијазаки 3, Касахара 2, Јуки Баиг 2, Каи, Нарита 2, Токуда 2, Ватанабе 5, Анри Дои 2, Шида 4, Мотоки, Кубо 1, Тамакава 1, Окамото 1, Јошино 2, Агарие 2 и Кадојама. Седмерци: 0.   Исклучувања: 6 минути.

Македонија: Ристовски (20 одбрани), Митревски, Стоилов 6, Манасков 7, К.Лазаров 8, Чурлевски, Талески 3, Маркоски, Кузмановски 4, Танкоски, Георгиевски 1, Ф.Лазаров 2, Крстевски, Поповски 3, Пешевски 4 и Серафимов.    Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Вацлав Хорачек и Јуржи Новотни од Чешка.

Прочитано 363 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 0