Македонија го надигра Кувајт и го освои 10. место на Медитеранските игри во Атина

22.02.2020 13:22
3

Кадетската репрезентација на Македонија ја извојува и својата трета победа, втора едноподруго, на Медитеранските игри во Атина. Денеска ја совладавме селекцијата на Кувајт, со резултат  22:13 (5:3, 4:4, 13:6).

Нашата репрезентација беше за нијанса подобра во првата третина, израмнета во втората и дури во третиот дел целосно го надигра противникот.

Оваа победа ни овозможи да го освоиме 10. место на турнирот на кој учествуваа 14 кадетски селекции.

Македонија Медитеранските игри ги заврши со три победи, пет порази и еден нерешен резултат.

Прочитано 115 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 1