Македонија го освои “Трофеј Карпати“. Танкоски и Митревски ја “решија“ Романија

29.12.2019 19:30
81933142_1165499292320_o_resize

Подмладената репрезентација на Македонија е освојувач на меѓународниот турнир “Трофеј Карпати“ одржан во Букурешт.

Со фуриозна игра во второто полувреме, Македонија направи резултатски пресврт и ја совлада домашната репрезентација.

Во првото полувреме, Романија беше подобриот противник и имаше постојана предност од еден до три гола. Ова половина од средбата заврши со резултат 10:12 во полза на Романија.

Се се смени во вториот дел. На Македонија и требаа само шест минути, за да по прв пат го израмниме резултат, со голот на Костески, 14:14. Потоа своето шоу го почна ракометарот на Металург Марио Танкоски, кој ги постигна следните 4 гола. Најпрво, со негов гол поведовме со 14:15, а потоа, со неговиот 8-ми гол во 48. минута дојдовме до позитива од три гола, 19:16.

Романија само накратко искористи неколку наши грешки и нереализирани прилики и израмни на 20:20, но со головите на Поповски, Маџовски, Н.Маркоски и Костески, Македонија дојде до важниот трофеј.

Свој ден имаше и одличниот Никола Митревски, којодбрани 14 удари, многу од нив во клучните моменти.

Македонија утре се враќа во Скопје.

Македонија – Романија  24-20  (10-12)

Македонија: Кизиќ (1 сед) Митревски 1 (14 одб), Костески 2, Н. Маркоски 4, В. Маркоски, Мишевски 1, Димитриоски, Танкоски 8, Георгиевски 1, Димитриевски, Петров 2, Кукуловски, Серафимов, Јагуриноски, Маџовски 2, Поповски 3, Крстевски, Манасков, Велковски, Аларов

Прочитано 371 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 3 =