Македонија го совлада Кувајт, во првата од двете меѓусебни средби

25.12.2019 22:17
trening-11

Македонската сениорска репрезентација подготовките за претстојното ЕП во Шведска, Австрија и Норвешка ги продолжи во Стара Пазова, каде беа планирани два дуели со селекцијата на Кувајт. Првиот од тие дуели се одигра денеска во Инџија, а Македонија славеше со резултат 27:24.

Нашата репрезентација беше подобра во текот на целата средба, освен на самиот почеток, кога Кувајт поведе со 0:2.

Највисоката предност на Македонија изнесуваше 7 голови, но Кувајт ги искористи бројните ротации на нашиот селектор и на крајот успеа малку да го ублажи поразот.

Утре, во истото време, Македонија и Кувајт ќе одиграат уште еден натпревар.

.

Македонија – Кувајт  27:24 (14:9)

Македонија: Кизиќ (12 одб), Митревски, Костески 8, Н. Маркоски 4, В. Маркоски, Мишевски 2, Димитриоски, Танкоски 2, Георгиевски, Димитриевски, Петров, Кукуловски, Серафимов 1, Јагуриноски, Маџовски 1, Поповски 1, Крстевски 3, Манасков 1, Велковски 4

Прочитано 464 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 2