Македонија и се реваншира на Аргентина

15.08.2019 18:59
Argentina-MKD-15.08.2019-WCH-U19-0870_resize

Македонија со победа го заврши настапот на кадетското СП во Скопје. Во својот последен натпревар, Македонија ја совлада Аргентира и и се реваншира за поразот во првото коло од групната фаза. Со оваа победа Македонија го заврши своето прво учество на едно кадетско СП и тоа на 13-то место, оставајќи зад себе 11 репрезентации меѓу кои се и Словенија, Србија, Бразил, Аргентина и Тунис, редовни учесници на СП.

Македонија на оваа средба водеше во текот на сите 60 минути, освен почетните 2:2, и сосема заслужено дојде до својата трета победа на ова првенство.

Првото полувреме заврши со високи +7 во полза на нашата репрезентација, доволни за триумф на овој натпревар. Во вториот дел дојде до пад во нашата игра, што противникот го искористи да ја намали високата негатива. Најблиску до нашиот резултат Аргентинците стигнаа во 59. минута, кога беше 25:27, а средбата заврши со резултат 26:29 за Македонија.

.

Аргентина – Македонија  26:29 (8:15)

Аргентина: Васкез (6 одб.), Виљареал (3 одб.), Арвена, С. Барсело Гарсија 4, Паез Аларкон 4, Форти 4, Елст, Баумгартнер 2, Фиљол Као 5, Паулони 2, Иглесијас, Јунг, Сантос, Унзнер 1, Ж. Барсело Гарсија 3 и Виталер Павичиќ 1.    Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 6 мин.

Македонија: Кизиќ (7 одб.), Петковски (1 одб.), Кондев 1, Џигероски 1, Мелоски, Ќосевски 3, Божиновски 3, Митиќ, Карапалевски, Симоноски 9, Серафимов 3, Костески 3, Младеновиќ 6, Ников, Ѓорѓиев и Гајиќ.    Седмерци: 0.    Исклучувања: 8 мин.

Судии: Сеок Ли и Бо-Ок Ко од Кореја.

Делегати: Татјана Медвед од Србија, Росица Димкова од Бугарија и Хавиер Моуре од Шпанија.

Прочитано 285 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 8 =