Топ Вести

Македонија и вторпат ја совлада Србија

06.01.2019 00:29
k-lazarov

Македонија ја совлада Србија и во вториот натпревар, кој денеска се одигра во Скопје. Но, за разлика од вчера, денешната победа, која беше од затворен карактер, е минимална и е постигната со голот на Филип Лазаров на десетина секунди до крајот. Македонија победи со резултат 28:27 (16:13).

Иако резултатот е тесен и се играше порамноправно отколку вчера, сепак нашиот национален тим беше во предност во најголемиот дел од средбата.

По рамноправните воведни минути, Македонија прва обезбеди предност од два гола, 7:5 во десетата минута, а во дваесеттата минута ги имаше и највисоките +4, 11:7. Првото полувреме заврши со наше водство од три гола, 16:13.

Почетокот од вториот дел не ни донесе многу радост, бидејќи противникот направи серија од 4:0 и го презеде водството. За среќа, кризата траеше кратко, па Македонија набрзо повторно го врати водството и го задржа до пред самиот крај, кога Србија го направи својот последен напор и успеа да обезбеди драматична завршница. При резултат 27:27, Македонија го имаше последниот напад и постигна гол преку Филип Лазаров, на само десетина секунди до крајот на овој интересен натпревар. Со тоа Лазаров обезбеди правичен резултат, бидејќи Македонија навистина покажа повеќе од својот противник.

Од ракометарите на Металург повторно се истакна младиот Мартин Серафимов, кој и денеска постигна два гола, вкупно четири за националниот тим.

Ова беше последниот натпревар на нашите ракометари пред почеток на СП 2019 во Германија и Данска.

.

Македонија – Србија  28:27 (16:13)

Македонија: Митревски (12 одб.), Томовски, Даскалоски, Манасков 3, Стоилов 1, Димитриоски, К. Лазаров 5, Чурлевски 2, Талески 4, Маркоски, Кузмановски 1, Танкоски, Георгиевски, Ф. Лазаров 2, Крстевски, Поповски 1, Пешевски 7, Лазаревски и Серафимов 2.   Седмерци: 5/6.   Исклучувања: 2 мин.

Србија: Цупара (3 одб., 1 сед.), Милосављев, Веркиќ (3 одб.), Пусица, Воркапиќ 4, Орбовиќ 1, Вујиќ 4, Крсманчиќ, Пешиќ, Радивојевиќ 2, Н. Илиќ 2, Мошиќ, В. Илиќ 1, Николиќ 4, Кукиќ 2, Зеленовиќ 1, Вејин, Сретеновиќ, Марсениќ 2, Ненадиќ 1 и Обрадовиќ.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 2 мин.

Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 605 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 3 =