- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 5 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 5 months
Македонија ќе настапи на СП во Египет

ИХФ и официјално, на својата интернет страница, објави дека Македонија ќе настапи на СП во Египет. Ќе играме на местото на Чешка, која, поради проблемите со коронавирусот, го откажа учеството на првенството. Со тоа Македонија ќе го продолжи континуитетот на настапи на големите првенства, СП и ЕП.
Македонија ќе настапи во групата “Г“, заедно со селекциите на Шведска, Египет и на Чиле, а првата средба е на програмата веќе в четврток, кога ќе се сретнеме со селекцијата на Шведска. Македонија има и одлична шанса да се пласира во главната фаза, бидејќи од групата одат првите три селекции, а тука е репрезентацијата на Чиле, која ја совладавме во двете меѓусебни средби во подготвителниот период. Тоа значи дека Македонија на СП во Египет ќе одигра најмалку шест натпревари, по три во групата и во главната фаза.
.
Распоред на натпреварите на Македонија во групната фаза:
Четврток, 20.30 часот: Шведска – Македонија
Сабота, 18.00 часот: Египет – Македонија
Понеделник, 15.30 часот: Македонија – Чиле