Македонија не успеа да обезбеди главна фаза

14.01.2020 21:30
81692427_460791608146506_7777495245394018304_n_resize

Македонската ракометна репрезентација ја загуби најважната средба на ЕП 2020 и ќе мора да се врати дома.

Иако игравме во една од послабите групи, забележавме два порази и една драматична победа, премалку за нашата улога на фаворити пред почетокот на првенството.

Денеска ни требаше победа од два гола разлика, но доживеавме дебакл, бевме целосно разбиени од австриската репрезентација, која во два наврати имаше и 11 голови разлика.

Бевме очајни во нападот, исто такви и во одбраната.

Што е причината за ваквото денешно издание ќе покажат анализите. Со денешниот пораз се збогувавме и со олимписките квалификации, а најверојатно ги загрозивме и тие за СП.

.

Австрија – Македонија 32:28 (18:12)

Македонија: Митревски 2, Ристовски 5, Георгиевски 3, Крстевски 1, Кузмановски 3, Лазаров 3, Маџовски 3, Манасков 1, Маркоски, Мишевски, Пешевски 3, Поповски 3, Стоилов 5, Талески 2, Танкоски и Велковски 1.   Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 6 мин.

Прочитано 88 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 10