Македонија остана без учество на СП во Египет

10.11.2020 13:42
MKD-938x535

Македонија ја загуби последната реална шанса за настап на СП 2021 во Египет, откако ИХФ последното слободно место го даде на селекцијата на Чиле.

Чиле, беше фаворит на квалификацискиот турнир „Последна шанса“ во Средна и Јужна Америка што сепак не се одржа поради пандемијата на коронавирусот. И покрај овој факт, денеска ИХФ објави, дека Советот на ИХФ донел одлука да ја покани репрезентацијата на Чиле, која ќе настапи во групата “Г“ заедно со Египет, Шведска и Чешка, а настапот на ова СП ќе и биде шесто по ред, откако дебитираше на СП во Шведска во 2011.

Последна, но не и реална, шанса на Македонија е евентуалниот отказ на некоја од репрезентациите што обезбедија учество на СП во Египет, повторно поради ситуацијата со коронавирусот.

Прочитано 373 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 8