Топ Вести

Македонија останува седма европска клупска велесила

26.06.2018 10:56
Print

Македонија и оваа година го задржа високото седмо место во клупскиот рејтинг на ЕХФ, со што ја потврди својата највисока позиција стекната минатата година. Македонија и натаму има огромна бодовна предност пред осмопласираната Португалија, што ни ја гарантира оваа позиција барем во идните две години. Седмата позиција и носи на Македонија едно загарантирано место во Лигата на шампионите и три места во ЕХФ-Купот, но, како што е познато, Металург секоја година добива можност за настап во најсилното европско натпреварување, па во ЕХФ-Купот користиме само две места.

Оваа година Металург и Вардар се повторно дел од Лигата на шампионите, а Еурофарм Работник и Тинекс Пролет ќе не претставуваат во второто по квалитет европско натпреварување.

На најновата ранг-листа дојде до промена на врвот. За првпат во својата историја на челото застана Франција, која ја потисна Германија. Трета е Шпанија, која го загуби второто место, а пред нас се уште Унгарија, Полска и Данска.

.

ranking

Прочитано 267 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 10