Македонија поразена и од Црна Гора

19.02.2020 14:11
MHC_Men_2020_1440x600

Во Атина тече третиот ден од Медитеранските Игри.

Македонија во првата, од денешните две, средби загуби од Црна Гора, со резултат 22:17 (8:7, 7:3, 7:7).

Повторно одигравме средба рамноправна во поголемиот свој дел и повторн имавме слабост во една од третините, што не чинеше пораз.

Ташев, Митев и Ивановски беа најдобри, со по три постигнати гола.

После овој пораз стана јасно дека по групната фаза ќе бидеме меѓу репрезентациите што ќе се борат за пласман од 9 до 14 места.

Македонија денеска во 16 часот ќе ја одигра и последната средба од групната фаза, против Турција.

Прочитано 80 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 14