Македонија поразена на вториот натпревар со Кувајт

26.12.2019 22:46
mkd-kuw-(1)

Подмладената сениорска репрезентација на Македонија е поразена на реваншот со селекцијата на Кувајт.

И оваа средба се одигра во Инџија и заврши со резултат 22:23 (13:14). Со ова заврши фазата на подготовки во Србија и веќе утре македонските репрезентативци се селат во Букурешт (Романија), каде ќе бидат дел од традиционалниот “Трофеј Карпати“.

Денешниот натпревар мина во рамноправна, но на моменти и тензична атмосфера, особено во второто полувреме, кога на десетина минути до крајот беше грубо фаулиран нашиот Танкоски, па за малку е избегната општа тепачка.

Во првиот дел двете селекции се менуваа во водство, а заврши со наша негатива од еден гол, што испадна решавачко за целата средба.

Во вториот дел резултатот го контролираше противникот, кој во еден момент, кога имавме двајца исклучени ракометари, поведе со максимални +4, 14:18. Македонија го засили притисокот , но не го избегна минималниот пораз.

 

Македонија – Кувајт  22:23 (13:14)

Македонија: Кизиќ, Митревски (12 одб), Костески 3, Н. Маркоски 1, В. Маркоски, Мишевски 2, Димитриоски, Танкоски 4, Георгиевски, Димитриевски, Петров 1, Кукуловски 1, Серафимов, Јагуриноски 1, Маџовски 2, Поповски 3(3), Крстевски, Манасков, Велковски 3 и Аларов.

Прочитано 438 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 10