Македонија со победа над Црна Гора ги заврши подготовките за ЕП 2020

05.01.2020 21:29
81933142_1165499292320_o_resize

Македонската ракометна репрезентација во својот последен подготвителен натпревар ја совладаа селекцијата на Црна Гора, со минимални 25:24 (12:13).

Целиот натпревар мина во израмнета и голема борба. Така се играше и во првото полувреме во кое двете селекции се менуваа во водството, но овој период заврши со минимална предност на противникот.

Во вториот дел влеговме во драматична завршница во која минимално поведовме и ја задржавме предноста до самиот крај.

И овој натпревар селекторот Брестовац го одигра без учество на нашиот капитен Кире Лазаров, што само ја зголемува вредноста на победата.

.

Македонија – Црна Гора  25:24 (12:13)

Македонија: Митревски (14 одбрани), Талески 5 (голови), Манасков 5, Пешевски 3, Маџовски 3, Кузмановски 2, Стоилов 2, Поповски 2, Крстевски 1, Танкоски 1, Велковски 1, Лазаров, Серафимов, Мишевски, Георгиевски, Костески, Н. Маркоски и Ристовски.

Прочитано 527 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 13