Топ Вести

Македонија со седум екипи во европските клупски натпреварувања

29.06.2018 10:36
Ракомет_resize

Македонија оваа сезона ќе настапи со седум екипи во европските натпреварувања, четири во машка и три во женска конкуренција.

Машките клубови и оваа сезона ќе бидат дел од двете најсилни европски клупски натпреварувања. Металург и Вардар ќе настапат во Лигата на шампиони и тоа како дел од првите шешири во оваа елитна лига. Вардар ќе биде дел од групите “А“ или “Б“, додека Металург ќе настапи во една од групите “Ц“ или “Д“.  Еурофарм Работник и Тинекс Пролет ќе настапат во второто најсилно европско клупско ракометно натпреварување – Купот на ЕХФ.

Во женска конкуренција Македонија овој пат нема да има претставник во Лигата на шампионите. ЖРК Металург ќе настапи во второто по сила натпреварување – ЕХФ Купот, додека Пелистер и Куманово ќе играат во Челинџ Купот.

Прочитано 60 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 7 =