Македонија убедлива против Саудиска Арабија

21.02.2020 12:14
114666-kadetite-podobri-od-saudiska-arabija-za-vtora-pobeda-na-mediteranskiot-shampionat

Македонската кадетска репрезентација ја извојува и својата втора победа на Медитеранските игри во Атина, откако предмалку високо ја порази селекцијата на Саудиска Арабија, со резултат 22:14 (6:5, 8:4, 8:5).

Македонскиот кадетски тим денеска ја оправда фаворитската улога и беше подобар во сите три третини од средбата.

Со овој успех, Македонија сега има биланс од 2 победи, 1 нерешена средба и 5 порази.

Последната средба на Медитеранските игри ќе ја одиграме утре, кога противник ќе ни биде селекцијата на Кувајт.

Прочитано 292 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 3 =