Македонија во финишот го “скроти“ незгодниот Луксембург

11.08.2018 14:04
38860577_1415888308544601_8377115651063414784_o_resize

Македонската кадетска репрезентација ја оствари и втората победа на кадетскиот ЕХФ-шампионат во Грузија. Овој пат бевме подобри од Луксембург, кого го совладавме со сигурни 31:25 (14:14).

Иако остваривме убедлива победа, овој натпревар не беше нималку лесен. Луксембург испадна многу “поцврст орев“ од тоа што се очекуваше од репрезентацијата на една мала и неракометна земја. Тоа особено важи за првото полувреме во кое Македонија постојано водеше, но не со повеќе од три гола, а заврши со израмнети 14:14.

Не беше убедлива Македонија и на почетокот на вториот дел, особено во првите осум мунути во кои Луксембург имаше четири исклучувања, а ние едно, па сепак противникот успеваше да одржи легал резултат.

Но, се дојде на свое место во последните 20 минути од средбата, во кои нашите ракометари заиграа многу поамбициозно, подржани и од денеска одличниот голман на Металург 2 Виктор Василевски. Македонија заигра многу поразновидно и многу поефикасно, па резултатите стигнаа многу брзо. Веќе во 44. минута имавме +4, во 46.минута +5, во 49. минута +6, а максималните +7 првпат ги стекнавме во 56. минута, при резултат 22:29.

Конечниот резултат од средбата е 25:31, па Македонија заслужено и се израдува на втората победа. Со овој успех нашата репрезентација се најде на чекор од пласманот во полуфиналето, бидејќи од преостанатите три противника во групата сериозна е само репрезентацијата на Швајцарија, а во полуфинале пласман ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група.

Најдобар стрелец во нашата репрезентација повторно беше десното крило Ненад Костески, кој на оваа средба постигна 9 гола и беше избран за наш најдобар ракометар на средбата.

.

Луксембург – Македонија  25:31 (14:14)

Македонија: Василевски, Кизиќ, Костески 9, Симоноски 7, Џигеровски 6, Серафимов 3, Ѓоргиев 2, Божиновски 1, Каковски 1, Карапалески 1, Кондев 1, Анѓелковски, Ќосевски, Митиќ, Тодески и Витанов.    Седмерци: 0/2.   Исклучувања: 10 минути.

Фото:

39015376_1415951425204956_3089606362422837248_o_resize

Прочитано 326 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 1 =