Македонија во Струмица го визираше првото место во групата 3

16.06.2019 20:04
1

Македонија го доби натпреварот од последното коло на квалификациите за пласман на ЕП 2020. Во Струмица е совладана Грција, со резултат 27:23 (13:11), со што му се реванширавме на противникот за изненадувачкиот пораз во Кожани.

Денешниот натпревар имаше две различни полувремиња, иако и двата ги добивме со по два гола разлика. Во првиот дел Македонија покажа низа слабости, особено во реализацијата на своите напади. Тоа го искористи Грција и цели 26 минути имаше резултатска предност, на моменти и со три голови разлика. Имавме лоша реализација, но и никаква подршка од нашите голмани, кои првата одбрана ја забележаа дури во 17. минута. Израмнивме во 23. минута, а потоа неколку минути се играше гол за гол. Сепак, со головите на Никола Маркоски и на Пешевски, Македонија на одмор замина со предност од два гола, 13:11.

За разлика од првото, во второто полувреме Македонија не му даде никаква шанса на својот противник. Разликата постојано се движеше во рамките од два до максималните шест гола, а победата е апсолутно заслужена. Повторно се разигра нашиот втор голман Никола Митревски, кој до крајот собра дури 13 одбрани и кој одново стана важна алка во новата победа на нашиот национален тим.

Македонија со ова победа ја “забетонира“ својата прва позиција на табелата, а реваншот во исто време значеше и последно место за селекцијата на Грција, која дефинитивно ќе ја нема на ЕП.

.

Македонија – Грција  27:23 (13:11)

Македонија: Митревски (13 одб.), Ристовски, Димитриоски, Лазаров 6, Талески 5, В. Маркоски, Н. Маркоски 2, Кузмановски 2, Костески, Танкоски 1, Георгиевски 3, Крстевски, Пешевски 5, Маџовски 3, Серафимов и Димитриевски.  Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 10 мин.

Грција: Буковинас (13 одб.), Котанидис, Багиос, Николаидис, Милонас 2, Малиос, Пасијас 3, Кедерис, Карампурниотис , Домприс 4, Цирас 6, Черувем, Кандилас, Илиопулос 4, Пападионисиу 2, Каломоирос 1.   Седмерци: 4/4.  Исклучувања: 6 мин.

Судии: Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ од Австрија.

Делегат: Небојша Вујисиќ од Црна Гора.

Прочитано 203 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 9 =