Македонската “Б“ селекција, и покрај силниот отпор, загуби од Србија

19.06.2021 21:05
mkd_srbija-1536x955

Македонската “Б“ селекција денеска во Ниш го имаше своето деби на меѓународната сцена. Селекторот Лазаров за овој натпревар се реши за млади ракометари кои настапуваат во македонското првенство. И покрај силниот отпор, Македонија загуби од Србија, со резултат 29:26 (18:15).

Всушност, натпеварот го загубивме со лошиот почеток, бидејќи Србија поведе со 4:0, а потоа и со 6:1. Сепак, македонските репрезентативци до крајот на првото полувреме го поправија впечатокот и на одмор заминаа со негатива од три гола.

Во вториот дел вложивме многу напор за да го преокрениме резултатот, но најблиску до резултатот на Србија стигнавме при 21:19, а имавме и напад за негатива од само еден гол. Сепак, Србија рутинирано го заврши натпреварот и ја забележа првата победа од овој двомеч.

Веќе утре, со почеток во 16 часот, двете репрезентации ќе го одиграат и својот втор натпревар.

.

Србија – Македонија  29:26 (18:15)

Сала: „Чаир“ во Ниш.

Србија: Бомаштар, Воркапиќ 3, Борзаш 2, Сретеновиќ 1, Кривокапиќ, Пешмалбек 6, Ѓукиќ 1, Трнавац 1, Н. Илиќ 1, Кукиќ 3, В. Илиќ, Шотиќ, Ратковиќ, Николиќ 2, Петриќ, Богдановиќ 1, Радојковиќ 4, Милосављевиќ 1 и Ѓорѓиќ 3

Македонија: Кузманоски 6, Манасков, Ѓорѓиев 2, Петковски, Ѓорговски, Костески 3, Кизиќ 1, Ѓорѓески 1, Кондев 1, Кукуловски, Младеновиќ 1, Јагуриновски 3, Стојковиќ, Аларов 2, Атанасовски, Серафимов 1, Симоноски 3 и Мишевски 2.

Судии: Боричиќ и Марковиќ.

Прочитано 262 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 7