Македонската Суперлига продолжува на 16 октомври

07.10.2020 13:35
DAR_7511_resize

Полека се надминуваат проблемите во македонската ракометна Суперлига, настанати поради пандемијата на коронавирусот, поради која групата “А“ беше суспендирана пред три, а групата “Б“ пред две седмици.

Продолжението на натпреварувањето се планира на 16 октомври и ќе се продолжи со натпревари по забрзан ритам, односно ќе се игра в понеделник и в петок. Пред натпреварите сите екипи ќе се тестираат.

Во групата “Б“ лигата се планира натпреварувањето да продолжи на 17 октомври и тоа со средбата Металург – Работнички.

Металург во досегашниот тек на првенството одигра три средби и оствари три победи.

Прочитано 104 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 1