Македонските кадети денеска против Бугарија

11.10.2019 14:04
danilo-(1)

Македонската кадетска репрезентација денеска, со почеток во 17 часот, ќе го одигра првиот натпревар на турнирот во Бугарија, а наш прв противник ќе биде селекцијата на домаќинот.

Турнирот всушност требаше да биде Балканско кадетско првенство, но во последен момент отпадна селекцијата на Косово (не обезбеди визи), на чие место ќе настапи екипата на Пирин.

.

Распоред на натпреварите на Македонија:

11 октомври, 17 часот:  Македонија – Бугарија

12 октомври, 13 часот:  Македонија – Романија

13 октомври, 09 часот:  Македонија – Пирин

.

Нашата селекција ја предводи Данило Брестовац, а во дресот на Македонија ќе видиме и четворица ракометари од кадетскиот тим на Металург: Давид Ацевски, Теодор Тодески, Иван Андревски и Кристијан Ташевски.

.

Список на репрезентативци заминати за Бугарија:

Capture

Прочитано 202 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 4 =